Top Sport

Јунајтед веќе контактирале со агентите на Дамфрис

Манчестер јунајтед веќе се во контакт со агентите на холандскиот дефанзивец на Интер, Дензел Дамфрис, тврди италијанскиот весник „Кориере дело спорт“, додавајќи дека Ерик Тен Хаг го цени Дамфрис како потенцијална замена за Диого Далот.

26-годишниот Дамфрис и претходно беше поврзуван со трансфер во Премиерлигата, откако Челси беа заинтересирани во текот на летниот преоден рок, но Тен Хаг се обидува да го убеди да се приклучи на „холандската колонија“ на „Олд Трафорд“.

Со негово пристигнување, „ѓаволите“ би имале конкуренција на позицијата на десен бек, каде што оваа сезона брилјира Далот, кој пак, го привлекува интересот на Барселона. Интер би го продале Дамфрис за околу 60 милиони евра.

Scroll to Top