Top Sport

Кариус не е лут на Клоп и на Ливерпул

Германскиот голман Лорис Кариус се врати во Премиерлигата со Њукасл јунајтед и вели дека нема „лоша крв“ ниту кон неговиот поранешен клуб Ливерпул, ниту кон менаџерот Јирген Клоп.

Кариус шест години беше под договор со Ливерпул, но остана најпознат по неговите два кикса во финалето на Лигата на шампиони во 2018 против Реал Мадрид, по што не заигра за првиот тим и беше праќан на позајмица во Бешикташ и Унион Берлин.

„На моето време во Ливерпул му дојде крај и барав начин да одам понатаму во 2021 година, но тогаш се појавија проблеми околу трансферот. Се најдов во позиција да морам да останам во Ливерпул знаејќи дека нема да добијам шанса. Бев отворен со менаџерот и нема ‘лоша крв’, иако бев во тешка ситуација. Го губиш чувството за игра кога не си во ритам“, вели 29-годишниот Кариус.

Scroll to Top