Манчестер Јунајтед ќе се обидат во јануарскиот преоден рок да го договорат трансферот на Усман Дембеле од Барселона. „Independet“, пишува дека Јунајтед биле подготвени да го соборат клупскиот рекорд само за да го донесат 22 годишникот на „Олд Трафорд“.
Најскап играч во историјата на Манчестер Јунајтед е Пол Погба. Францускиот ас е платен 105 милиони евра, а според истиот извор „црвените ѓаволи“ биле подготвени за Дембеле да платат 110 милиони евра.
Барселона парите од евентуалната продажба би ги вложиле во трансферот на Нејмар. Пари Сен Жермен минатото лето поставија цена од 300 милиони евра за Бразилецот.