Top Sport

Јунајтед во две реченици се огласи по интервјуто на Роналдо

Манчестер јунајтед денеска објави кратко соопштение, откако вчера вториот дел со Кристијано Роналдо го објави најпопуларниот англиски новинар Пирс Морган.

Португалецот во интервјуто, жестоко го критикуваше Манчестер јунајтед, управата, тренерите и некои поранешни соиграчи.

„Манчестер Јунајтед утрово ги презеде соодветните чекори по неодамнешното интервју на Кристијано Роналдо за медиумите. Клубот нема да коментира на оваа тема додека не заврши внатрешниот процес во клубот“, објави Манчестер јунајтед на своите официјални канали.

Да потсетиме, Роналдо изјави дека кога се вратил минатото лето, во Јунајтед ја затекнал истата ситуација како во 2009 година кога заминал во Реал Мадрид. Покрај тоа, тој рече дека клубот го изневерил, го критикуваше Ерик Тен Хаг, а за поранешниот тренер Ралф Рангник рече дека воопшто не му е јасно како завршил во Јунајтед кога воопшто не бил тренер.

 

Scroll to Top