Top Sport

Јунајтед во јануари тргнуваат по Џејдон Санчо

Оле Гунар Солскјер ќе добие 100 милиони фунти за засилувања веќе во јануари, и Манчестер јунајтед го поставиле британскиот талент на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо како нивна главна цел, јавува „Сан“.

По заминувањето на Ромелу Лукаку за 75 милиони фунти и со неизвесната иднина на Алексис Санчез и Пол Погба, Солскјер ќе добие пари за засилувања, а најголема потреба на клубот е креативец на теренот, а 19-годишниот Санчо е совршен човек за ова место.

Санчо неодамна го обнови договорот со Борусија, со што ќе добива 190.000 фунти неделна плата, по што ја започна сезоната со стил – со два гола и две асистенции во три меча. Новиот договор го направи Санчо еден од најдоброплатените У-21 фудбалери на светот.

Јунајтед сакаат да го привлечат со шанса да се проба во Премиер лигата и со цел враќање во Лигата на шампионите следната сезона. Според „Сан“, Јунајтед и летово се обиделе да ги убедат Борусија на продажба, но не успеале.

Scroll to Top