Ренова, единствениот клуб кој има две победи во првите две кола во Првата лига, се намачи за да се пласира во осминафиналето на Купот на Македонија, откако дури по изведувањето на пенали го скрши отпорот на Кожув, откако во регуларните 90 минути беше 3:3.

Во осминафиналето се и фаворитите Работнички (4:0 победа над Влазерими), Шкупи (5:1 триумф над Тетекс), Силекс (4:0 победа над Фортуна), како и Шкендија, која ја прекина лошата низа по европските купови и во домашниот шампионат со 4:1 победа над Гостивар.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/16 ФИНАЛЕ

Фортуна – Силекс 0:4

Гостивар – Шкендија 1:4

Кожув Гевгелија – Ренова 3:3, 5:6 пен.

Кравари – Лабуништа

Локомотива Скопје – Струга Трим Љум 1:5

Охрид – Беласица 1:1, 5:4 пен.

Осогово – Победа 1:0

Превалец – Борец 0:4

Тетекс – Шкупи 1:5

Влазерими – Работнички 0:4

Фото: ФК Ренова