Манчестер јунајтед пратиле скаути да го следат напаѓачот на Милан, Рафаел Леао на мечот против Челси во Лигата на шампионите, и на „Олд Трафорд“ ја следат ситуацијата околу Португалецот, кој има уште 18 месеци од договорот со „росонерите“, тврди „Дејли мирор“, кој додава дека на Ерик Тен Хаг посебно му се допаѓа играта на Леао.
Леао минатата сезона беше еден од најдобрите играчи во тимот на Стефано Пиоли кој ја освои италијанската титула, и Паоло Малдини подолго време се обидува да договори продолжување на договорот.
Тој ја почна кариерата во Спортинг Лисабон, пред да го раскине договорот и да се пресели во Лил во 2018 година. Една година подоцна, Милан плати за него 35 милиони евра, но подоцна тој го загуби судскиот случај со Спортинг, на кој му должи милиони и ова може да биде клучен „адут“ на Манчестер јунајтед во потенцијалните преговори.