Top Sport

Ринс со епска победа над Маркез и Бањаја на Филип Ајленд

Алекс Ринс на Сузуки стигна до својата прва победа оваа сезона во Мото ГП шампионатот, по неверојатен дуел во последниот круг на Австралиското ГП со Марк Маркез и новиот лидер во генерален пласман, Франческо Бањаја.

Хорхе Мартин беше сигурен на стартот од пол-позицијата пред шесткратниот шампион Маркез, но Бањаја падна од третото на седмото место, пред со фантастични претекнувања да избие пред Џек Милер, Фабио Квартараро и Алеш Еспархаро. Шампионот и досегашен лидер во генерален пласман, Квартараро под притисок на Џек Милер и Лука Марини направи грешка и илзезе надвор од патеката, за неколку круа подоцна да излета.

Во исто време, Ринс, кој стартуваше од 10. место, имаше сензациолен „поход“ кон врвот, поминувајќи ги Бањаја, Маркез и лидерот Мартин во неколку круга. Но, веднааш зад него беа Бањаја и Маркез и Италијанецот ја презеде контролата на трката на три круга пред крајот. Но, Бањаја не успеа да го заддржи првото место, откако во втората кривина беше поминат од Ринс и Маркез, кои потоа имаа епска пресметка за победата.

Scroll to Top