Top Sport

Јунајтед во „напад“ на Бундеслигата – ги „грабнуваат“ Хаверц и Санчо

Манчестер јунајтед се „лидери“ во трката за Каи Хаверц од Баер Леверкузен, а не се откажуваат и од Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, тврди британскиот „Сан“, иако ова воопшто нема да ги чини евтино.

Хаверц, кој се покажа како прва ѕвезда при рестартот на Бундеслигата во мај, е на листата на желби на Баерн Минхен и Ливерпул, и би го чинел клубот околу 50 милиони фунти, додека Санчо, англискиот талент на „милонерите“ би чинел дури двапати повеќе, сигурно над 100 милиони фунти.

Ова, несомнено, би бил амбициозен потег на премиерлигашот, но тројка во нападот Рашфорд-Хаверц-Санчо би била навистина застрашувачка, посебно бидејќи Хаверц и Санчо имаат по 20 години.

Scroll to Top