Top Sport

Сколс: Да не беa смешно моќните Барса и Реал, Јунајтед ќе имаше пет-шест трофеи од ЛШ

Пол Сколс смета дека Манчестер јунајтед можел да освои „четири, пет или шест“ трофеи од Лигата на шампионите да не ги имаа неверојатно силните тимови на Барселона и Реал Мадрид како противници.

Сколс имаше над 700 настапи за Јунајтед во 20-годишната кариера во која освои 11 трофеи од Премиер лигата и 2 од Лигата на шампионите, но имаше и два порази од Барселона во финалињата на ЛШ во 2009 и 2011 година. Тоа беше тимот кој го состави Пеп Гвардиола, според многумина еден од најсилните во историјата на европскиот клупски фудбал.

„Тука немавме среќа. Во било која друга ера ќе освоевме четири, пет, шест европски титули. Но, тимовите против кои игравме… Погледенете на Барселона на Гвардиола. Исусе, колку беа добри тие? Во средината беа Андрес Иниеста, Чави, Серхио Бускетс и Лионел Меси. Анри на десната страна, во одбраната Жерард Пике и Карлес Пујол. Нереално! Тоа беше еден од најдобрите тимови во историјата“, вели Сколс.

Тој исто така признава дека „ѓаволите“ биле декласирани од Реал Мадрид во 2002/03, кој ги елиминираше во четврт-финалето.

„Поназад, видете го тимот на Реал Мадрид против кој игравме. Во првиот меч на ’Бернабеу’ не победија 3:1. Тука беа Роналдо, Зинедин Зидан, Луиш Фиго, Реднодно, Раул, Роберто Карлос, Фернандо Јеро и Икер Касилјас на голот. Мислам смешно колку беа силни“, признава Сколс.

Scroll to Top