Манчестер јунајтед продолжуваат со преговорите со Шангај шенхуа да го продолжат договорот за позајмица на Одион Игало барем до јануари 2021 година.
Нигерискиот напаѓач пристигна во Јунајтед на последниот ден од јануарскиот преоден рок, но има договор само до 31 мај, кога требаше да заврши сезоната. Јунајтед би сакале да го заддржат Игало барем до јануари, но кинескиот клуб сака тој да се врати во Кина пред рестартот на Премиер лигата за да се подготви за продолжувањето на кинеската Суперлига.
30-годишниот Игало го импресионираше клубот за кој навиваше како дете, постигнувајќи четири гола во три старта за „ѓаволите“.