Top Sport

Јунајтед во Севилја, студот противник на Шахтјор и Рома

Со дуелите Севилја-Манчестер Јунајтед и Шахтјор-Рома ќе завршат првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите.

На „Рамон Санчез Писхуан“ стадионот во Севилја ќе сесоочат последните два освојувачи на пехарот во Лига Европа. Јунајтед лани на тронот во Лига Европа ја наследи Севилја која три години го освојуваше трофејот (2014, 2015, 2016).

„Севилја е одличен тим, кого го почитуваме. Особено се опсасни на домашен терен. Сигурен сум дека на почетокот ќе бидат многу агресивни, но ние имаме своја цел, свесни сме за нашите квалитети. Подогтвени сме за овој дуел“, рекол играчот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ.

Севилја од доаѓањето на тренерот Винченцо Монтела игра по системот „топло-ладно“, а многу подобо делува на теренот кога игра куп натпревари, независно дали е тоа во домашниот Куп или во Лигата на шампионите.

Монтела знае што го очекува против Јунајтед, а самиот смета дека Алексис Санчез ќе биде најголемата опасност по голот на неговиот тим.
Италијанецот во шега изјавил дека треба да го врзат Санчез со јажиња доколку сакаат да го намалат влијанието на Чилеанецот во грата на Јунајтед.

Во Харков, вечерва се игра вториот натпревар. Украинскиот првак Шахтјор ќе ја пречека екипата на Рома. Дуелот е голема непознаница бидејќи Шахтјор беше на зимска пауза, а Рома не може да се пофали дека е во некоја добра форма.

Голем проблем на фудбалерите на двете екипи ќе им преставуваат и временските услови бидејќи метеоролозите за вечерва во Харкево предвидуваат минус од 10 степени Целзиусови.

Scroll to Top