Top Sport

Чешка на пенали ги елиминира САД

Репрезентацијата на Чешка избори пласман во полуфиналето на олимпискиот турнир во хокеј на мраз. Чесите по изведувањето на пенали, во четвртфиналето ја елиминираа селекцијата на САД.

Резултатот помеѓу Чешка и САД по 60 минути беше 2:2. Донован погоди за САД во седмата минѕта, а птооа Чесите направија пресврт со головите на Колар (16.минута) и Кундратек (28:минута). Само две минути подцна Слејтер го постави конечниот резултат.

Во пенал рулетот единствен кој погоди во петте серии беше 35-годишниот Чех Коукал.

Чешка во полуфиналето ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Норвешка и Русија.

Чесите последен пат освоиле медал на ЗОИ во 2006 година, кога во Ванкувер беа трети, кога САД завршија на второто место.

Во преостанатите две четвртфиналиња ќе играат Шведска-Германија и Канада-Финска.

Олимписката титула во хокеј на мраз ја брани Канада.

Scroll to Top