Манчестер јунајтед вовеле „правило Роналдо“ со кое сакаат да осигураат дека ниту еден играч на „Олд Трафорд“ не добива значително поголема плата од своите соиграчи, тврди „Дејли мејл“. Со ова, платите ќе бидат ограничени на 200.000 фунти неделно, а прв кој ќе ја забележи разликата е голманот Давид де Хеа – тој зема 375.000 фунти неделно и преговара за продолжување на договорот со клубот.
Новиот став на извршниот директор на клубот Ричард Арнолд и менаџерот Ерик Тен Хаг доаѓа по желбата да се избегне „љубомора“ во соблекувалната. Клучните играчи на тимот, како Рафаел Варан, Хери Мегваер, Касемиро и Бруно Фернандеш земаат релативно иста плата (180.000 до 200.000 фунти неделно), со минуси доколку не се пласираат во ЛШ. Единствен проблем во политиката е тоа што тие ќе треба да се обидат да го убедат Маркус Рашфорд да ја одбие понудата од Пари Сен-Жермен, кои му нудат двојно повисока плата.