Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг се сретнал со агентите на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, за можност за бесплатен трансфер, продолжувајќи со политиката на „ѓаволите“ за штедење во зимскиот преоден рок, тврди „Дејли мејл“.
33-годишниот Германец е во последните месеци од својот договор со „милионерите“ и може да преговара со клубови надвор од Бундеслигата. Германските медиуми шпекулираа дека Ројс ќе се приклучи на Кристијано Роналдо во саудискиот Ал-Наср, но Германецот би сакал да добие искуство во Премиерлигата. Додека за трансферот не би биле потребни средства, Ројс има висока плата од над 300.000 евра неделно во Дортмунд.
Ројс веќе 11 години е во Борусија со 354 настапи и 148 гола.