Top Sport

Јунајтед жестоко ќе го казнат Роналдо

Интервјуто на Кристијано Роналдо предизвика земјотерс во фудбалскиот свет. Португалецот, кај својот пријател познатиот новинар Пирс Морган, жестокот удри по Манчестер јунајтед, менаџерот Ерик Тен Хаг и поранешниот соиграч Вејн Руни.

Роналдо, кажа дека неколку луѓе во клубот и менаџерот Тен Хаг биле против него. Не крие дека воопшто не го почитува холандскиот тренер.

Инаку целото интервју ќе биде објавено во среда и четврток, дотогаш Манчестер јунајтед нема да коментира.

Меѓутоа јасно е дека по Светското првенство, Роналдо нема да се врати на „Олд Трафорд“. Јунајтед ќе го раскине договорот со него, а некои медиуми пишуваат дека Португалецот ќе биде обесштетен со 15 милиони евра.

„Метро спорт“, пак пишува дека на „Олд Трафорд“ веќе донеле одлука да го казнат Роналдо. Според овој извор, за она што го кажал во интервјуто, Роналдо ќе плати 1.000.000 фунти.

 

Scroll to Top