Јуниорската и кадетската репрезентација на македонија ги дознаа противниците во квалификациите за пласман на Европските првенства.
Репрезентацијата до 19 години, во Групата 7, ќе игра против Франција, Србија и Албанија. Квалификациските турнири, за пласман во елитната рунда, на распоредот ќе бидат од 30.август до 7.септември, од 4. до 12.октомври и од 8. до 16.ноември. Пласман во елитната рунда ќе изборат по две најдобри репрезентации од секоја група.
Репрезентацијата до 17 години, во Групата 5, ќе се натпреварува против Република Ирска, Полска и Андора. Вкупно има 13 групи, а пласман во елитната рунда ќе изборат по две најдобри репрезентации од секоја група, како и најдобрите четири третопласирани селекции.
На почетокот на наредната година, УЕФА, ќе ги одреди домаќините на квалификациските турнири.
Фото/ffm.mk