Top Sport

Јуниорот на Арсенал, Вилок фатен како „излетува“ од пат со својот Мерцедес

Младиот фудбалер на Арсенал, Џо Вилок имаше многу среќа што избегна повреда откако се појави снимка од неговото излетување од патот со Мерцедесот од 150.000 евра.

21-годишниот Вилок, кој добива малку шанси во првиот тим на Микел Артета, признава дека бил „стресен“ од судирот кој се случил минатиот викенд, но за среќа патот до тренинг-центарот на Арсенал немал многу автомобили.

„Не знаев кој е, малку беше потресен, но беше добар. Му кажав дека влезе во кривината пребргу, а тој ми одговори: ‘Знам, вистински идиот сум’. Ми кажа дека оди на тренинг и ме праша дали автомобилот е целосно уништен“, вели еден од луѓето кои му помогнале на Вилок по несреќата.

Scroll to Top