Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Лестер забележаа убедливи победи над своите опоненти Борнмут односно Кристап Палас во рамките на 33 коло во Премиерлигата.
Манчестер Јунајтед во ефикасен натпревар со неколку прекрасни голови славеа над Борнмут со 5:2. Серијата на голови ја отвори Станислас кој му продаде „тунел“ на Мегваер, а потоа го совлада Де Хеа. До крајот на полувремето Јунајтед постигнаа три гола. Мајсторски беа головите на Гринвуд и Марсијал, додека Рашфорд погоди од пенал.
На стартот од вториот дел Бортнумт од пенал намалија на 3:2 преку Кинг. На овој гол Јунајтед одговорија со два убави гола, најпрвин Грнвуд, а потоа и Бруно Фернандеш.
Лестер ја прекинаа лошата серија на резултати со победата од 3:0 над Кристал Палас. Головите „лисиците“ ги постигнаа во второто полувреме. Ихеначо во 49 минута го постигна голот за водство, а победата ја потврди Варди со головите во 77 и 94 минута.