Давид Јурашек (23) летово дојде од Славија Прага во Бенфика за 14 милиони евра. Ова е значајна сума за португалскиот гигант бидејќи Бенфика како клуб не троши големи суми на засилувања.
Чешкиот лев бек влезе во игра на натпреварот со Реал Сосиедад во 28.минута. Намерата на тренерот Роџер Шмит беше да се минимизира катастрофата во Лигата на шампионите.
Имено, во четвртото коло кај Реал Сосиедад, Бенфика по само половина час губеше со 3:0, а потоа домаќините промашија и пенал во 28.минута.
Затоа тренерот на гостите уште тогаш посегна до Јурашек, намерата му беше да ја засили веќе разбиената одбрана.
Но, неговиот експеримент не го даде посакуваниот резултат. Јурашек запиша негативен рекорд во Лигата на шампионите. За 62 минути колку што мина на теренот, Чехот загуби 28 топки.
🇪🇺 FINAL | 🇪🇸 Real Sociedad 3-1 Benfica 🇵🇹
Jogadores do #SLB com mais perdas de posse:
1⃣ David Jurásek 🇨🇿 28 (em 62 minutos!)
2⃣ João Neves 🇵🇹 16
3⃣ Fredrik Aursnes 🇳🇴 13#UCL #ChampionsLeague #ChampionsEleven #RSFSLB #RealSociedadBenfica pic.twitter.com/BOXtn3nQ5T— GoalPoint (@_Goalpoint) November 8, 2023