Иднината на тренерот Иван Јуриќ на клупата на Рома, како што тврдат италијанските медиуми е неизвесна. Позицијата на тренерот дополнително се вложи по синоќешниот пораз во Верона (3:2).
Италијански медиуми веќе извесно време пишуваат за можен раскин на соработката со Јуриќ, а сега носат список со потенцијални кандидати за тренерската функција во Рома.
Френк Лампард, Масимилијано Алегри и Пауло Соуса се истакнати имиња на нивниот список, меѓу кои се и Роберто Манчини и Маурицио Сари. Исто така како кандидат се споменува и Даниеле де Роси, на чие место пред два месеци дојде Јуриќ.
Сепак, потенцираат дека враќањето на легендата на клубот, Де Роси е опција која не им се допаѓа на сопствениците на клубот, семејството Фридкрин.
Рома во моментов е на девет бода од местото кое води во Лигата на шампионите и само пет од опасната зона. Се погласно е инсистирањето на промена откако Јуриќ освои само 10 од можни 21 бод. на седум првенствени натпревари откако ја презеде Рома.
Лампард и беше препорачан на Рома од луѓе блиски до Евертон, клуб со кој раководи и Фридкин. Легендата на Челзи го водеше Евертон од јануари 2022 до јануари 2023 година со биланс од 12 победи, осум нерешени и 24 порази во 44 натпревари.