Top Sport

Јуриќ го презема Саутемптон

Хрватскиот тренер Иван Јуриќ (49) ќе го преземе Саутемптон. Новинарот, Фабрицио Романо, објави дека договорот треба да биде потпишан во текот на денот, откако Јуриќ целосно ќе го раскине договорот со Рома.

Јуриќ ќе го наследи досегашниот тренер Расел Мартин, кој пред пет дена доби отказ по поразот од Тотенхем со 5:0. Саутемптон оваа сезона се врати во Премиер лигата, но моментално е на последното место со пет бода и е главен кандидат за испаѓање.

Јуриќ е невработен од 10 ноември откако доби отказ од Рома. Јуриќ на 18 септември ја презеде Рома од Даниеле Де Роси и во сите натпреварувања постигна забележа од четири победи, три нерешени и пет порази.

Во кариерата, Јуриќ ги водеше Мантова, Кротоне, Верона и Торино, а во три наврати беше тренер на Џенова. Пред Рома три сезони раководеше со Торино.

Саутемптон според „Трансфермарк“ вреди 306 милиони евра. Најскапи играчи се дефанзивецот Тејлор Харвуд-Белис (22) и играчот од средниот ред Лесли Угочукву (20), кои чинат 25 милиони евра.

Саутемптон нема победа од 2 ноември кога славеше на домашен терен против Евертон во Премиер лигата. Јуриќ ќе дебитира на 22 декември на гости кај Фулам. Потоа следи домашен натпревар против Вест Хем четири дена подоцна.

Scroll to Top