Хрватскиот тренер Иван Јуриќ (44) го продолжил договорот со Верона. Јуриќ се обврзал да остане на “Бентегоди“ до 30 јуни 2023 година. Италијанските медиуми објавија дека Јуриќ имал понуди од Торино и Фиорентина, но решил да остане во градот на Ромео и Јулија.
Иван Јуриќ во Верона пристигна минатото лето, со клубот кој има скромен буџет оваа сезона бележи одлични резултати. Верона на три кола до крајот на сезоната се наоѓа на деветтото место во Серија А со 45 бода.
Тренерот кој наредниот месец ќе наполни 45 години најголем дел од кариерата како играч мина во Италија, пет години играше во Кротоне, а од 2006 до 2010 кога замина во пензија го носеше дресот на Џенова.
Тренерската кариера ја започна како помошник на Џанпјеро Гасперини во Џенова, Палермо и Интер, потоа бил тренер на Мантова, Кротоне и Џенова.