Top Sport

Jуриќ: Илиќ ќе биде многу добар фудбалер, ако не биде глупав!

Тренерот на Торино, Хрватот Иван Јуриќ имаше интересен коментар за неговото ново засилување, 21-годишниот српски фудбалер Иван Илиќ. Илиќ пристигна во „граната“ како позајмен фудбалер од Верона, со опција да биде откупен на крајот на годината.

Тој беше дел од српската репрезентација на СП во Катар, а имаше понуда и од уште еден хрватски тренер, Игор Тудор, да пристигне во Олимпик Марсеј. Илиќ добро го познава Јуриќ бидејќи работеа заедно во Верона.

„Среќен сум што го избра нашиот клуб. Со време, ако не биде глупав, ќе стане многу добар фудбалер. За тоа ставам рака во оган“, изјави Јуриќ.

Илиќ, кој беше фудбалер на Црвена звезда, во 2017 година премина во Манчестер сити, но таму не успеа да се пробие во првиот тим.

Scroll to Top