Top Sport

Јуриќ: Тоа што се случи ќе му помогне на Радињиќ

Тренерот на Торино Иван Јуриќ не го отпишал Немања Радоњиќ по инцидентот на градското дерби со Јувентус. Јуриќ го извади Радоњиќ само 15 минути откако тој влезе на теренот, поради што српскиот фудбалер бурно реагираше. Според Јуриќ, Радоњиќ бил виновен за третиот гол на Јувентус.

И покрај овој инцидент, Радоњиќ беше резерва и играше против Болоња. Според италијанските медиуми, Радоњиќ одлично ги одработел минутите на теренот.

„Имаме неколку млади играчи кои треба да пораснат. Тоа значи дека треба да работиме, понекогаш тие паѓаат и треба да им помогнете да станат. Тоа што се случи на дербито ќе му помогне на Радоњиќ. Тоа беше нешто болно за целиот тим“, изјави Јуриќ.

Хрватскиот стручњак смета дека Радоњиќ веќе ја научил лекцијата.

„Тој ја сфати важноста да останеме фокусирани на тренинзите, но и дека малите нешта ја прават разликата, излезе на теренот фокусиран и даде се од себе за своите соиграчи“.

Scroll to Top