Пред „Дерби дела моле“ во сабота, меѓу градските ривали Торино и Јувентус, тренерот на „биковите“, Иван Јуриќ вели дека иако е загрижен за „сите работи“ околу Јувентус, верува дека во градот има повеќе навивачи на Торино отколку на лутиот ривал.
„Граната“, конечно, заиграа добро и немаат пораз во последните четири меча во Серија А, додека „старата дама“ има три победи во низа, две во Серија А и една во ЛШ над европскиот шампион Челси.
„Противникот е многу голем. Тие ги вратија резултатите и духот во тимот, и остварија импресивни резултати во последно време. Може да ти дадат гол на секаков начин – ако ги притиснеш во контранапад и се вистински комплетен тим. Но, јас верувам во групата фудбалери кои ги имам и не им недостасува мотивација и интензитет. Мене ми изгледа дека тимот на Торино е Торо. Додека работев во Џенова, таму беше 50-50 помеѓу Џенова и Сампдорија, но тука е дефинитивно Торино. Но, уште сум нов тука, имам да учам“, вели Јуриќ.