Top Sport

Јустин Клајверт е најдобриот млад играч според „Гол“

Фудбалскиот портал „Гол“ го прогласи асот на Ајакс, Јустин Клајверт како најдобар играч роден по 1 јануари 1999 година, пред голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума.

Клајверт е добитник на „2018 Некстџен“ наградата пред Донарума, и Бразилецот Винисиус Жуниор, кој стана најскапиот 16-годишник во историјата откако Реал Мадрид му плати 45 милиони евра на Фламенго за напаѓачот.

„Гол“ проценува дека 18-годишниот Клајверт, синот на легендата на Ајакс и Барселона, Патрик Клајверт, и покрај тоа што има 50-тина натпревари во кариерата може да стане најдобриот фудбалер на светот.

Големите европски клубови се согласуваат, со големиот број на шпекулации за трансфер во Реал Мадрид, Барселона, Арсенал, Тотенхем и Манчестер јунајтед.

Најмногу од сè импресионира како младиот Холанѓанец се справува со големите очекувања кои доаѓаат како син на Клајверт.

„Зошто сум посебен? Секогаш сум работел напорно и сум направил многу жртви за да ја остварам мојата цел и да имам успешна кариера. Тоа е клучно за млади фудбалери“, вели Клајверт.

Тој признава дека „Ноу Камп“ е крајната цел, за да се продолжи семејната репутација, но дека е трпелив.

„Мојот клуб од соништата? Барселона. Да бидам како мојот татко. Не ми е проблем да бидам и во друг клуб, но Барселона останува сонот“, вели Клајверт.

Scroll to Top