Top Sport

Јуве бара минимални 100 милиони евра за Дибала

Пауло Дибала е „барана роба“, откако Баерн Минхен, Пари Сен-Жермен и Манчестер сити изразиле заинтересираност за аргентинскиот фудбалер, но од Јувентус добиле јасна порака – ќе ги разгледуваат понудите кои ја надминуваат сумата од 100 милиони евра.

Според „Тутоспорт“, трите европски великани веќе направиле понуди за Дибала, но Јувентус ги „игнорираат“ понудите, барем засега. Сепак, Јувентус не ја отфрлаат можноста да го продадат Аргентинецот ова лето, но апсолутно потребен услов е да се надмине сумата од 100 милиони евра, колку што Манчестер јунајтед платија за услугите на Пол Погба.

Доколку се појави ваква понуда ќе биде „многу тешко“ Јуве да ја одбие понудата за Аргентинецот, кој оваа сезона не е во најдобра форма со само два постигнати голови досега.

Фото: ЕПА

Scroll to Top