Top Sport

Алонсо за својот најголем ривал: Шуми беше шефот! (видео)

Фернандо Алонсо лани стави крај на својата Формула 1 кариера по двете освоени титули на почетокот на кариерата, во периодот кога тој беше млад возач на Рено, додека седумкратниот шампион Михаел Шумахер беше во своите последни години во Ферари.

Нивните „пресметки“ на патеката секогаш беа спектакуларни, како кога ќе се судрат големи таленти. Сега, Алонсо во видео-интервју за официјалниот веб-сајт на Формула 1 зборува за „најголемиот“ на сите времиња.

„Шумахер беше шеф. Тој знаеше дека е најсилен и најдобар во Формула 1 и беше јасно посветен на одбраната на таа позиција на патеката. На почетокот на кариерата, нормално, се плашев од него, бидејќи тој беше ’шефот’“, вели Алонсо, потсетувајќи се на една од легенданите пресметки на Унгарското ГП во 2006 година на влажна патека.

Scroll to Top