Top Sport

Федерер знае дека Надал и Ѓоковиќ ќе освојат повеќе гренд слем титули од него

Роџер Федерер се помирил со тоа дека нема да може да го заддржи рекордот од 20 гренд слем титули, откако неговите ривали Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ му се доближија во 2019 година.

38-годишниот Федерер не успеа да освои гренд слем титула првпат од 2016, а Новак Ѓоковиќ сега има 16, додека Рафаел Надал е на 19 гренд слем титули, откако двајцата си ги поделија овогодишните гренд слеми.

Швајцарецот очекува барем еден од нив да го престигне, но вели дека е задоволен што може да биде конкурентен и се надева дека следната година ќе додаде уште некоја бројка на рекордот.

„Секако, би сакал да ги заддржам сите мои рекорди, но тоа не е реално да се направи. Многумина ме прашуваат за тоа, но секогаш има некој рекорд кој треба да се сруши. Се надевам дека ќе останам на добар пат за гренд слем титули во 2020, но за мене е добро и да го заддржам ова ниво на оваа возраст. Исто така сакам да гледам на оваа ера како на ера на тројца големи тенисери кои играа фантастично во исто време“, вели Федерер.

Scroll to Top