Top Sport

Јуве би го продале Влаховиќ во Премиерлигата, но само за сума од над 90 милиони евра

Јувентус се подготвени да го продадат српскиот напаѓач Душан Влаховиќ на клубови од Премиерлигата (Арсенал, Челси и Манчестер јунајтед), но само за минимум 90 милиони евра, тврди „Кориере дело спорт“.

Српскиот репрезентативец приситгна во Торино само пред една година, кога Јувентус плати 81.6 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси на Фиорентина, и имаше одлична половина сезона, пред оваа година повредите да го ограничат на само 7 гола и 2 асистенции во 15 меча во Серија А и Лигата на шампиони.

Според „Кориере“, Јувентус се подготвени за зделка во летниот преоден рок, а откако забележаа какви суми се вртат во Премиерлигата за играчи како Михајло Мудрик, сметаат дека 90 милиони евра се минимум сума која треба да ја добијат за 22-годишниот Влаховиќ.

Scroll to Top