Top Sport

На клупското СП, судиите ќе им ги објаснуваат ВАР одлуките на гледачите

Фудбалските судии на Светското клупско првенство кое почнува следната недела, ќе ги објаснуваат своите ВАР-одлуки на фановите на стадионите и пред ТВ-екраните, потврди ФИФА.

Ова е дел од „пробата“ во организација на Бордот на интернационални фудблски асоцијации (ИФАБ), телото кое ги одредува правилата на фудбалската игра со цел судиските одлуки да бидат појасни.

Судиите ќе носат микрофони, преку кои ќе ги објаснуваат своите одлуки по низата контроверзи со ВАР технологијата кои не престануваат и по неколку години користење на системот.

Scroll to Top