Марио Балотели е пред шокантен кам-бек во Серија А, и тоа во тимот на Јувентус, тврди британскиот весник „Сан“, иако италијанските медиуми се сомневаат дека трансферот ќе биде реализиран.
Италијанецот, кој на моменти ја покажуваше својата брилијантност на теренот, заедно со не толку добрите моменти надвор од теренот, во кариерата играше за Манчестер сити, Ливерпул, Интер и Милан, а сега игра во францускиот шампионат во Ница, каде што има 12 гола во 16 настапи.
Договорот на Балотели со Ница завршува ова лето, и Јуве би сакале да го добијат со слободен трансфер, исто како и играчот од средниот ред на Ливерпул, Емре Џан.
Сепак, од „Калчомеркато“ велат дека агентот на Балотели, Мино Рајола неколку пати го нудел Италијанецот на „старата дама“ во минатото, но дека Јуве не се подготвени за трансфер поради „тактички и дисциплински причини“.