Top Sport

Карабатиќ: Јас сум и Хрват и Србин, и се гордеам на тоа

Во интервју за хрватскиот портал „Индекс“, првата ѕвезда на француската ракометна репрезентација, Никола Карабатиќ зборува за тоа како не се срами од своето потекло, кое е хрватско и српско.

Таткото на Карабатиќ, Бранко е Хрват од Далмација, кој исто така беше ракометар, по што се пресели во Ниш за да биде голман на РК Железничар. Неговата мајка е Србинка од Алексинац, лекар по професија. Кога имаше само три и пол години, неговото семејство се пресели во Франција, каде што таткото доби работа како тренер.

„Јас сум и Србин и Хрват. Имам корени во двете земји и горд сум на тоа. Франција е мојата татковина, но не се срамам што имам корени од поранешната Југославија. Хрватска е прекрасна земја и ја обожавам, а секое лето сум во Врсин покрај Трогир, бидејќи таму е семејната куќа. На некои мои пријатели сонот им е да одат во Тајланд, а не се свесни дека на час и пол со авион од Париз се во најубавата земја на светот“, изјави Карабатиќ.

Неговиот „статус“ во Хрватска не е најдобар, но омразата доаѓа најмногу поради тоа што честопати ја „мачеше“ хрватската ракометна репрезнетација.

„Секако дека се против мене кога играм против нив. Но, кога ќе заврши натпреварот, многу Хрвати сакаат автограм и да се сликаат со мене. Воопшто не им се лутам“, вели Карабатиќ.

Scroll to Top