Јувентус се блиску до потписот на 16-годишниот аргентински талент Матијас Суле од Велез Сарсфилд, јавува порталот „Гол“.
Талентираниот Суле подолго време е на „радарот“ на моќните европски клубови, но Јувентус е подготвен порај професионалниот договор да му помогне на талентот да добие пасош од ЕУ земја и да го пречека цело негово семејство во Торино.
Суле, како речиси секој млад аргентински напаѓач, е споредуван со Лионел Меси, а во игра за неговиот потпис беа Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона. Суле е дел од У-20 тимот на Велез, каде што прв тренер е поранешниот фудбалер Габриел Хајнце.
Од школата на Велез досега произлегоа фудбалери како Николас Отаменди и Мауро Зарате, но и тренери како Диего Симеоне и Маурисио Пелегрино.