Миралем Пјаниќ постигна гол од пенал во 75. минута, за на Јувентус да му донесе 1:0 победа над Аталанта и потврда на пласманот во финалето на Копа Италија.
Претходно, Аталанта имаше фантастична шанса да ја поништи предноста на Јувентус од првиот меч, откако Алехандро Гомез излезе сам пред одбраната на Јувентус и од далеку го погоди дирекот на голот.
Unbelievable post hit from midfield by Atalanta v Juventus! pic.twitter.com/RrlnBPiCtA
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) February 28, 2018
„Бјанконерите“ остануваат во лов на двојната титула, откако и во првиот меч против Аталанта победија со 1:0, и сега го чекаат противникот во финалето од вечерашниот дуел меѓу Лацио и Милан. Првиот меч на „Сан Сиро“ заврши 0:0.