Јувентус се на „пол-позиција“ да го добијат потписот на Пол Погба по заминувањето од Манчестер јунајтед, пред Пари Сен-Жермен и Реал Мадрид, тврди францускиот „РМЦ спорт“.
Французинот ќе биде слободен агент кога ќе му истече договорот со клубот од „Олд Трафорд“ на 30 јуни со малку шанси за останување во Премиерлигата. И покрај шпекулациите за преселба во Манчестер сити, Погба не сака да игра во друг клуб во Англија, и би преферирал враќање во Јувентус, каде што беше од 2012 до 2016, најдобрите години во кариерата и тоа под сегашниот тренер Масимилијано Алегри.
Иако ПСЖ можат да му понудат поскап договор од Јуве, прво ќе мора да се ослободат од дел од своите фудбалери, а останува неизвесноста околу тренерот Маурисио Почетино, спортскиот директор Леонардо, но и првата ѕвезда, Килијан Мбапе.
? Info RMC Sport : bien que le PSG soit une des cibles de Pogba, le club de la capitale n'est pas encore en mesure d'avancer ses pions sur le dossier. Des décisions sur la politique sportive doivent d'abord être prises.https://t.co/6pDjdIOlHq
— RMC Sport (@RMCsport) May 11, 2022