Јувентус се подготвени да ја повлечат понудата кон Луис Суарез, откако Уругваецот уште не успеа да се договори со Барселона за раскин на договорот и на крајот може да одлучи да остане на „Ноу Камп“ и покрај тоа што тренерот Роналд Куман му порача дека не смета на него.
Андреа Пирло по 5:0 победата над Новара во пријателскиот меч во неделата, изјави дека на Јувентус им е потребно да донесат нов напаѓач што е можно побргу, и според „Кориере дело спорт“, Суарез уште се премислува дали да примора да остане во Барселона и да ја зема високата плата.
Суарез е под договор до јуни 2021 година, и во неговиот договор има клаузула за автоматско обновување ако одигра 60 отсто од мечевите на клубот. Куман не го постави Уругваецот во првиот пријателски меч, но според „Мундо депортиво“, Суарез не планира да замине без да биде „исплатен“.
Бидејќи Аркадијуш Милик е блиску до договор со Рома, а Един Џеко е блиску до Интер, опциите на Јуве за напаѓач за релативно мала сума стануваат помали.