Top Sport

Јокиќ ги „нокаутираше“ Клиперси, Нагетси примораа „мајсторка“!

Во неверојатен натпревар, Денвер нагетс успеаја да стигнат до 111:98 победа над Лос Анџелес клиперс и да обезбедат седми натпревар во полуфиналето на Истокот, иако во првото полувреме губеа со 16 поени разлика.

Сега, Лос Анџелес лејкерс ќе почекаат до среда да дознаат кој ќе им биде противникот во нивното прво финале на Западот по десет години.

Човек на одлука беше српскиот „џин“ Никола Јокиќ, кој го заврши мечот со 34 поени, 14 скока и 7 асистенции во уште еден маестрален меч за него по сите критики кои ги добиваше во американските медиуми за слабата игра, посебно во одбраната.

Џамал Мареј му помогна на Јокиќ со 25 поени, а Гери Херис заврши со 16. Од другата страна, Пол Џорџ заврши со 33 поени, 6 скока и 3 асистенции, а Кавај Ленард имаше 25 поени.

Scroll to Top