Француските медиуми тврдат дека Јувентус почнале со преговорите со агентот Мино Рајола за враќање на Пол Погба во Торино од Манчестер јунајтед.
Според „Ле 10 спорт“, по неколку месеци „флертување“ и најави за обид да го вратат Французинот, сега почнуваат сериозните преговори. Погба не ја крие љубовта ком „бјанконерите“ и неодамна призна дека помалку жали за заминувањето од Торино во 2016.
Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен исто така беа во „трка“ за освојувачот на светската титула, но последните вести зборуваат дека тие не се подготвени да дадат голема сума за него, поставувајќи ги Јувентус во предност.
Со заминувањето на Миралем Пјаниќ и најверојатното заминување на Адриен Рабио, Погба би бил совршено засилување за тимот на Маурицио Сари. Погба имаше 178 настапи за Јувентус, во кои постигна 34 гола и 40 асистенции.