Српскиот репрезентативец од Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС), бил означен како приоритетна трансфер цел на Јувентус, во летниот преоден рок. Пари за трансферот раководството на италијанскиот шампион ќе се обиде да обезбеди со продажбата на Марио Манџукиќ и Алекс Сандро.
Италијанските медиуми пишуваат дека тренерот Масимилијано Алегри ги известил клулските челници, дека негова голема желба е СМС и дека за да се реализира трансферот бил подготвен да се откаже од услугите на Манџукиќ и Санрдо.
Цената на Алекс Сандро изнесува околу 50 милиони евра, додека за Манџукиќ се интересираат екипи од Кина, Германија и Англија. Со нивните трансфери Јувентус би обезбедил помеѓу 80 и 100 милиони евра, што според нивните проценки би биле доволни за Лацио да го одобри трансферот.
Лацио нема да му прави никакви проблеми на фудбалерот, но претеседателот Клаудио Лотито, кој е познат како „тежок човек за преговори“, уште минатиот месец кажа дека Србинот нема да замина за сума помала од 100 милиони евра.
Бидејќи Лацио не обезбеди пласман во Лигата на шампионите, реално е СМС да го напушти клубот.
Медиумите во Италија пишуваат и дека Лацио ќе го продаде СМС дури по завршувањето на Светското првенство, бидејќи биле убедени дека со своите настапи во Русија уште малку ќе си ја почаки цената.