Top Sport

Јуве го купија Мерих Демирал

Јувентус го официјализираа трансферот на турскиот дефанзивец Мерих Демирел од Сасуоло за 18 милиони евра, давајќи му договор до јуни 2024 година.

Иако се веруваше дека договорот е готов неколку недели, „старата дама“ вечерва го потврди тоа на официјалниот веб-сајт.

Демирал наполни 21 година во март, но веќе има шест настапи за турската репрезентација. Тој дојде во Сасуоло од Аланија на позајмица со опција за купување од 7 милиони евра во јануари 2019, и веднаш импресионираше со својата игра, а постигна и два гола во Серија А.

Scroll to Top