Top Sport

Јунајтед ги отвориле преговорите за Милинковиќ-Савиќ

Според италијанските медиуми, директорот на Лацио, Игли Таре итно отпатувал во Лондон за преговори откако Манчестер јунајтед покажале силен интерес за српскиот фудбалер од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Интересот за популарниот СМС на Јунајтед трае подолго време, но откако претходно беа „бркани“ од превисоката цена која ја бараше претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, кој го ценеше својот фудбалер над 150 милиони евра.

Според „Спорт медијасет“, Јунајтед ја пратиле сериозната понуда, и Таре веднаш одлетал за Лондон на состанок. Претходно, Пари Сен-Жермен беа заинтересирани за Србинот, но не сакаа да ги платат посакуваните 80 милиони евра.

На Јунајтед пак, ќе им биде потребен фудбалер од средниот ред, откако прво Пол Погба уште еднаш потврди дека сака да замине од „Олд Трафорд“, додека Немања Матиќ исто така е блиску до заминување од клубот.

Scroll to Top