Top Sport

Јуве го победи Интер со контроверзен гол!

Јувентус го доби „Дерби д’Италија“, триумфирајќи на „Сан Сиро“ против Интер со 1:0 во меч кој повторно ќе донесе многу дискусии во италијанските медиуми по контроверзната ВАР одлука при одлучувачкиот гол.

Во 23. минута од мечот, Филип Костиќ успеа да го совлада Андре Онана постигнувајќи убав гол, кој веднаш беше предмет на протести од страна на играчите на Интер. Иако немаше сомнеж дека голот е регуларен и не се работи за офсајд, „нераѕурите“ сметаа дека судијата Даниеле Кифи ги оштетил.

Втор меч едноподруго, раката на Адриен Рабио беше премногу „мистериозна“ за ВАР. Во Интер сметаа дека пред акцијата за голот, Рабио со рака ја исконтролирал топката, а потоа таа удира и во раката на напаѓачот Душан Влаховиќ.

Овој момент се покажа клучен во дербито, бидејќи Интер не успеа да наметне свое темпо и да постигне барем израмнувачки гол. Резултатот значи дека Интер останува на третото место со 50 поени, зад Лацио со 52 поени, додека Јувентус е на седмото место со 41 поен, бидејќи имаат -15 поени по казната од страна на италијанската федерација.

Scroll to Top