Top Sport

Јуве го сака Миленковиќ од Фиорентина

Јувентус синоќа го комплетираше трансферот на Глејсон Бремер од градскиот ривал Торино. Бразилецот е замена за Матијс де Лихт кој се пресели во Баерн Минхен.

Покрај Бремер, Јувентус, има намера да ја засили одбраната со уште еден фудбалер.

Според информациите на италијанските медиуми, изборот паднал на српскиот репрезентативец Никола Миленковиќ.

Јуве е подготвен да и понуди на Фиорентина 15.000.000 евра за трансферот на 24.годишниот српски репрезентативец. Популарниот Блеки ја надрасна Фиренца и е подготвен да направи чекор напред во кариерата.

Неговиот договор со „виола“ истекува следната година и се чини дека за сите е најдобро Миленковиќ да си замине од „Артемио Франки“.

Да потсетиме, интерес за Миленковиќ покажа и Интер.

Scroll to Top