Top Sport

Јуве го сакаат Погба назад ова лето

Италијанските медиуми се сигурни дека Пол Погба ќе се врати во Торино ова лето, бидејќи тој останува главната цел во преодниот рок по кошмарната сезона со Манчестер јунајтед.

Според „Скај спорт Италија“, спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи направил „неформален“ приод до Погба преку неговиот агент Мино Рајола, и иако Јунајтед бараат над 100 милиони евра за Французинот, во Италија се подготвени да направат некаква „размена“ на фудбалери, бидејќи „ѓаволите“ во минатото беа заинтересирани за повеќе фудбалери на „старата дама“ – Пауло Дибала, Жоао Кансело и Даглас Коста.

Французинот освои четири титули во Серија А и играше едно финале на Лигата на шампионите, пред да го комплетира тогаш рекордниот трансфер на „Олд Трафорд“ во 2016 година. Сепак, враќањето во клубот од младоста дојде со многу проблеми, а изминатата сезона тој беше посебно критикуван за своето залагање на натпреварите, иако се верува дека управата на клубот го избра него во конфликтот со поранешниот тренер на Јунајтед, Жозе Мурињо.

Во Јувентус исто така се надеваат дека Погба ќе биде убеден да се врати во Италија поради подобрите даночни закони во оваа земја. Погба во моментов заработува 15 милиони евра по сезона откако ќе ги плати даноците, иако добива речиси 30 милиони евра, и Јуве би требало да му понудат само 21 милион евра за да ја достигнат оваа сума.

Scroll to Top