Јувентус со внимание ги следат игрите на Маркус Рашфорд за Манчестер јунајтед и англиската репрезентација и би сакале да го видат напаѓачот во нивните редови, јавува британскиот весник „Тајмс“.
Рашфорд влезе како замена во неодамнешниот меч меѓу двата клуба во Торино во Лигата на шампионите, и во клубот од Торино се импресионирани од неговата способност да игра и во средината како напаѓач и како лево крило, а исто така сакаат да ја искористат шансата што 21-годишниот Англичанец не добива многу шанси како стартер под Жозе Мурињо во Јунајтед.
Рашфорд е дел од академијата на Јунајтед и има договор до јули 2020 година, но под Мурињо не се снаоѓа во задачите кои му се зададени – освен да биде ефикасен како напаѓач, да се враќа назад и да помага на одбраната.
Фото: ЕПА