Според „Ла газета дело спорт“, Јувентус повторно се обидуваат да го донесат фудбалерот од средниот ред на Челси, Жоржињо, откако имаа неуспешен обид да го купат кога тренер беше Маурицио Сари.
Жоржињо стана еден од клучните играчи на Челси и италијанската репрезентација, освојувајќи ја титулата од ЛШ со Томас Тухел и беше дел од репрезентацијата која лани стигна до европската титула. 30-годишниот Бразилец со италијански пасош има 9 гола во 29 натпревари за Челси оваа сезона.
Тој има договор со „сините“ до 2023 година, и според „Газета“ Јуве веќе контактирале со неговите агенти за можен трансфер во текот на летото.