Top Sport

НФЛ легендата Ретлисбергер стави крај на 18-годишната кариера

Двократниот Супербол шампион, „Биг“ Бен Ретлисбергер потврди дека се повлекува од НФЛ лигата, откако цела 18-годишна кариера ја помина во Питсбург стилерс.

„Патот беше возбудлив, придвижен од духот на натпреварувањето. Но, дојде време да ја исчистам соблекувалната, да продолжам да бидам тоа што можам за мојата сопруга и децата. Си заминувам како благодарен човек“, вели квотербекот.

39-годишниот Ретлисбергер двапати го освои Суперболот со Стилерс, и шест пати беше дел од Про бол тимот, и речиси сигурно ќе заврши во Куќата на славните завршувајќи како петти на листата на додадени јарди (64.088).

Неговата фантастична кариера на почетокот беше контроверзна по обвинувањата за сексуален напад во 2009 и 2010 година. Првиот случај беше договорен надвор од суд, додека тој од 2010 воопшто не стигна до суд.

Scroll to Top