Претседателот на Олимпик Лион Жан-Мишел Ола потврдил дека осмина-финалниот реванш против Јувентус овој клуб ќе го одигра во Торино. Натпреварот на програмата е на 17 март. Првиот меч заврши со победа на Лион од 1:0.
„Јувентус играше против Интер на својот стадион. Таму ќе играме и ние. УЕФА ги почитува одлуките и законите на секоја земја“, рекол Ола и дополнил.
„Одлуката за суспендирање на спортските натпревари во Италија не се однесува на меѓународните натпревари. Мислам дека нашиот натпревар е потврден“.
УЕФА, барем засега нема намера да ги одложува натпреварите. Досега не е одложен ниту еден натпревар од Лигата на шампионите. Онаму каде што ситуацијата со коронавирусот е алармантна мечевите се играат зад затворени врати.